Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и општина Охрид.

Општината Охрид, предводена од Градоначалникот г-дин Кирил Пецаков, ќе биде покровител на Меѓународната научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“, којашто ќе се одржи во Охрид во периодот 16-18 мај 2022 година (х. Олгица).


https://mon.gov.mk/content/?id=4666&fbclid=IwAR3_K9vJx7DtcDuBrcUZl9qSC0P4P9zD0okZ3OxrzAKxh_w7s2bqoxSQmrE


Продеканот за настава на Филозофскиот факултет проф. д-р Оливер Бакрески, претседателот на Организацискиот одбор проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска и претседателот на Програмскиот одбор проф. д-р Наташа Ангелоска- Галевска остварија работна средба со г-дин Кирил Пецаков, Градоначалник на општина Охрид.

Централна тема на средбата е реализацијата на Меѓународната научна конференција ,,75 години Институт за педагогија-Воспитно-образовни предизвици и перспективи”, којашто ќе се одржи на територијата на општина Охрид, во
периодот од 16 до 18 мај, 2022 година.


Поддршка од компанијата ,,Кожувчанка”- Кавадарци за реализација на меѓународната научна конференција ,,75 години Институт за педагогија-Воспитно-образовни предизвици и перспективи”.
Средба со управителот г-ѓа Јанинка Чупаркоска.


Организацискиот тим оствари работна средба со градоначалникот на општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев. На средбата се разговараше на повеќе теми од областа на образованието, како и за реалните состојби и предизвици со кои се соочуваат педагозите и наставниот кадар во општина Кавадарци.
Воедно беа посочени и клучните цели кои се поставени со престојната конференција.
Градоначалникот г-дин Митко Јанчев покажа висок сензибилитет и поддршка при организирањето и реализирањето на Конференцијата преку можноста компанијата ,,Кожувчанка”, како општествено одговорна да се вклучи во организацискиот процес.


Во знак на продолжување на просветителската мисија, остварена работна средба на Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Ратко Дуев со г-дин Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид. На работната средба присуствуваа Продеканот проф. д-р Оливер Бакрески и претставници од Институтот за педагогија, проф. д-р Наташа Ангелоска Галевска и проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, за поддршка на Меѓународната научна конференција “Воспитно-образовни предизвици и перспективи” по повод 75 години од основањето на Институтот за педагогија.