Промоција на Зборникот на трудови од Меѓународната научна конференција- „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ Одржана на 16-18 мај 2022 година, Охрид.
Канал 5 Здраво Македонијо – Во чест на обележувањето на патрониот празник на Филозофски факултет во Скопје и промовирање на науката! 16-ти декември, 2022 година.
МТВ1 Македонија наутро – Свечено одбележување на 16. декември – ден на Филозофскиот факултет
Почитувани и драги пријатели на педагогијата,
Од сѐ срце Ви благодариме на Вашиот голем интерес за учество на Mеѓународната научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“.
Горди сме што интересот за педагошката наука е голем и што близу 200 пријавени учесници од земјата и од странски универзитети одлучија да го дадат својот придонес за успешно реализирање на овој настан и за одбележување на значајниот јубилеј на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ве очекуваме на 16-ти мај во Охрид!
Institute of Pedagogy 75 years
Institute of Pedagogy 70 years
100 години Филозофски факултет
Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје.
На средбата стана збор за успешната реализација на Меѓународната научна конференција „75 години Институт за педагогија – воспитно-образовни предизвици и перспективи“, којашто се одржа по повод 75-годишниот јубилеј на Институтот за педагогија под покровителство на претседателот Пендаровски.
Во знак на благодарност на претседателот Пендаровски му беше врачена плакета за континуираната поддршка и посебниот придонес во развојот и афирмацијата на Институтот за педагогија и Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
ПОЗДРАВЕН ГОВОР на Деканот на Филозофски факултет – проф. д-р Ратко Дуев
На отворање на Меѓународна научна„75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“(Охрид, 16-18 мај, 2022 г.)
1. Трактатот на Черноризец Храбар „О писменех“ (под чиј псевдоним се крие Св. Наум Охридски според истражувањата на покојниот акад. Петар Илиевски) започнува со зборовите: „Порано, пак, Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа исто како и многубошците. А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое особено правило. Но како може да се пишува со грчки букви: и бгъ или жизънь, ѕѣло или цркѿвъ или члкъ или широта или шєдрѿты или юность или ѫзыкь или ıaдь и слични на тие? И така се продолжуваше многу години.Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви…“ Неговото дело ќе го продолжат неговите ученици светите Климент и Наум Охридски кои од Охрид во IX век ќе создадат „престолнина на просветителството“ во Европа низ која ќе поминат илјадници ученици од словенската икумена.По еден милениум подоцна во далечната 1920 г. е основан Филозофскиот век во Скопје. Еден век високо образование означува и еден век наука, бидејќи без наука нема ниту образование. Со создавање на македонската држава, во 1946 започнува со работа возобновениот Филозофски факултет, за првпат со настава на македонски литературен јазик. Клучната улога на Филозофскиот факултет по војната била развивање на образованието и градење на институции кои се столб на државата. Секако образованието е најважен столб на државата. По војната кога 95 проценти од населението било неписмено, главниот приоритет бил создавање просветни работници за да се создаде кадар за училиштата и факултетите. Клучна улога во тоа ќе има студиската програма по педагогија која подоцна ќе прерасне во катедра за педагогија. Товарот врз професорите бил голем: Ристо Кантарџиев, проф. Анатолиј Дамјановски, проф. Љупчо Копровски, Бранко Петровски, Ѓорѓи Делчев итн. Со развојот на факултетот, започнува и општествената дејност: градење на градинки, училишта, гимназии, специјални училишта, стратегии за образование, реформи, изработка на наставни програми, создавање кадар …. листата е долга. Денес Институтот за педагогија ја има истата улога како во минатото: современи студиски програми, развој на педагошката наука, создавање кадри потребни за образовните процеси.„Целта на образованието е огледалата да се претворат во прозорци“. 75 години Институт за педагогија означува прозорец за голем број студенти во минатото и денес, отворен прозорец кон светот, низ кој педагогот ве води од најрана возраст низ целиот живот. 75 години инвестиција во столбовите на секое општество, 75 години наука и обликување на општеството.
2. Темата на конференцијата е „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“. Науката е непрекинат процес врз која влијаат многу настани. Живееме во криза која е голем предизвик за сите нас. Пандемијата, воената криза и миграциите бараат брзо да се приспособиме на новите услови и да обезбедиме непречено одвивање на наставата, научните истражувања и образовните процеси. Промените предизвикани од здравствена криза, која неминовно доведе и до економска, го погодуваат секое општество, така и образованието. Предизвиците се големи, а од нив зависат перспективите.Аристотел велел дека: „Образование на умот без образование на срцето воопшто не е образование.“ Со промените во последните три децении во нашата земја, како и на глобален план, зборoт education, кој во словенските јазици се преведува како образование и воспитание, остана без воспитание. Образованието започна да смета за бизнис „и така се продолжуваше многу години“. Постојано се прават финансиски анализи за негова оптимизација „без некое особено правило“. Брзиот технолошки развој и глобализацијата ги притиска сите степени на образование. Образованието не може брзо да се адаптира на овие процеси, поради различниот степен на развој и можности на сите земји на светот, различните услови во кои живеат, различните економски услови. Овие трендови се во спротивност со мотото на ОН дека секој човек има право на образование. Доколку мислиме дека образованието и знаењето е скапо, тогаш да се обидеме со незнаењето. Нашата земја, како и поголем дел од земјите во регионот се соочуваат со проблемот на масовно иселување на населението во поразвиените земји, а една од причините е подобро образование за младите и за своите деца. Само бројот на матуранти во последните 10 години е намален за 40%. Се изучуваат само технички науки за полесно да се дојде до подобро платени работни места во богатите земји, кои од друга страна се соочуваат со пад на наталитетот и немање на човечки ресурси за забрзаниот раст на нивните економии. Според научни предвидување само земјите од ЕУ во наредните 10 години ќе имаат потреба од 9 милиони работници. Заради заштита на сопствените пензиски и здравствени системи инвестициите не се насочуваат кон помалку развиените земји. Така што сите наредни стратегии и реформи во образованието најпрво треба да започнат со стратегии за елиминирање на причините за големите миграции на сопственото население, во спротивно и образовниот процес и локалните економии ќе западнат во длабока стагнација. Поради овие причини, после 75 години се враќаме на почетокот, се соочуваме со проблемите со кои се соочувале нашите стари професори. Училиштата имаат потреба од вработување на наставници по математика и физика, но нив ги нема, бидејќи во последните децении немаше интерес за овие струки, набргу ќе нема наставници и за многу други предмети.Предизвиците се мошне големи, се надевам дека разумот ќе надвладее, затоа и како Факултет во последните години покренавме и реализиравме многубројни научни конференции, трибини, дебати, летни школи, јавни предавања, меѓународни недели, со цел преку размена на научни сознанија, меѓународна мобилност да најдеме одговор на многуте проблеми со кои се соочува образованието во нашата земја.
3. Почитувани присутни, Ми претставува особена чест, од името на Деканатот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, да Ви посакам добредојде на денешната меѓународна конференција во Охрид, имено најпознат по Св. Климент и св. Наум, кои биле протерани од царот Симеон во IX век бидејќи не прифатиле да ја адаптираат глаголицата според грчкото писмо, писмото на своите учители, сесловенските просветители Кирил и Методиј. Протерани во најдалечните и зафрлени краишта на царството, Девол и Кутмичевица. Од зафрлен град тие ќе го претворат Охрид во центар на словенската писменост каде со векови ќе доаѓаат луѓе од целата словенска екумена, во Охридскиот книжевен центар да се описменуваат и да им оддадат почит на нивните учители. На крајот, би сакал од името на Филозофскиот факултет, да ви посакам успешна работа на сите учесници на конференцијата, а според програмата која нуди многу интересни теми, верувам дека ќе поттикнеме поголемa свест во јавноста за значењето на образованието, а научните резултати презентирани во наредните три дена ќе бидат од голема полза за образовните стратегии и реформи со цел да дојдеме до поквалитетно образование во нашата држава и пошироко. Во оваа прилика би сакал да упатам голема благодарност за финансиската поддршка на Министерството за образование, Ректорот на УКИМ, градот Охрид, и останатите кои ја поддржаа конференцијата.Ви благодарам! проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофски факултет во Скопје
Интервју со Деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев и проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска во утринската емисија „Здраво Македонијо“
Гостување на проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска во емисијата „Македонија наутро“
https://mon.gov.mk/content/?id=4666
Остварена работна средба со Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Никола Јанкуловски и делегација од Институтот за педагогија. Добиена голема поддршка за реализација на меѓународната научна конференција ,,75 години Институт за педагогија- Воспитно-образовни предизвици и перспективи”!
Другите за нас
https://alsat.mk/mk/brojot-na-maturanti-namalen-za-40/
https://sitel.com.mk/megjunarodna-konferencija-po-povod-75-godini-institut-za-pedagogija
https://kanal5.com.mk/nauchna-konferencija-po-povod-70-godini-institut-za-pedagogija/a270134
https://tvm.mk/news/ohrid/75-godini-institut-za-pedagogija/
https://www.webohrid.com/megunarodna-konferencija-po-povod-75-godini-institut-za-pedagogija/
http://ohridnet.com/vesti/ohrid/25409-megjunarodna-konferencija-75-godini-institut-za-pedagogija
https://ohrid1.com/archives/66446
https://ohridpress.com.mk/?p=151844
umno.mk/retrospektiva-na-vospitnoobrazovnata-politika
https://tvm.mk/news/ohrid/sorabotka-megju-opstina-ohrid-i-filozofski-fakultet/
Претседателот на Република С. Македонија Стево Пендаровски покровител на Меѓународната научна конференција – 75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи